ВИДЕО: Карачиоло го реши градското дерби, Верона бега од опасната зона

Второто градско дерби во Верона оваа сезона им припадна на повозраснит клуб, Верона, која како домаќин го совлада Киево со 1-0 (0-0) и направи голем чекор кон опстанокот во Серија А

Првиот дел беше тактички, ниту една екипа не се наметна над противникот, а Черчи ја имаше единствената зрела можност за „љубовџиите“. Подобрата игра Верона ја круниса со голот на Антонио Карачиоло на почетокот од второто полувреме. 

Радовановиќ со два удари од далечина се закани кон голот на Верона, но ниту еден удар не заврши во рамката на голот. Ниту замените на Марон не го сменија текот на натпреварот и Верона стигна до значајни бодови во борбата за гол прволигашки живот.

Со овие три бода Верона излезе од опасната зона и ги зголеми своите шанси за опстанок. Утре се играат преостанатите осум натпревари од 28. коло на Серија А, а дербито во вечерниот термин го играат Интер и Наполи.