• Мартин Танасковски

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги одреди судиите од третото коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) кое на програмата е овој викенд.
Колото се отвора во Ѓорче Петров, каде Македонија ЃП ќе биде ривал на повратникот Победа. Натпреварот ќе го суди Јован Качевски од Струга.
Дербито на колото се игра во Струмица каде Академија Пандев ја дочекува Шкендија, а прв арбитар ќе биде Игор Стојчевски од Скопје. Силекс во Кратово оди на мегдан со Скопје, правдата ќе ја дели Крумислав Ѓорѓиев од Штип.
Во последните натпревари, Струга ТЉ се среќава со Работнички и делител на правдата ќе биде Александар Грујоски од Кичево, додека на мечот Тиквеш - Брегалница ќе суди Марјан Младеновски од Скопје.