Качевски и Пилешков ќе ги судат баражите за влез во ВМФЛ

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги одреди судиите кои ќе ја делат правдата на двата натпревари кои ќе ги дадат последните два учесника во единствената Втора лига во следната сезона во мак-фудбалот.

Јован Качевски доби можност да ја дели правдата на дуелот меѓу екипите на Арсими и Овче Поле. Арсими брка деби-учество во ВМФЛ, а натпреварот се игра во Ѓорче Петров. Ќе му помагаат Разме Бакрачески и Климент Ристоски, четврти судија е Фатмир Бафто.

Во вториот дуел ќе играат ГФК Вардар Неготино и Караорман, на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Димитар Пилешков од Штип е „главен“, негови помошници се Даниел Василевски и Мартин Петковски, а четврти судија ќе биде Крумислав Ѓорѓиев.

Двата натпревари се играат в среда со почеток од 17:00 часот.