ВИДЕО: Јужна Кореја и Украина ќе се борат за титулата на СП до 20 години

Фудбалските надежи на Јужна Кореја до 20 години продолжуваат да го одушевуваат фудбалскиот свет оваа седмица, откако сензационално обезбедија историско финале на Светското младинско првенство во Полска. 

По победите над Јужна Африка, Аргентина, Јапонија и Сенегал, пред разиграните младинци на Јужна Кореја вечерва падна и фаворизираниот Еквадор, кој на крај беше совладан со минимални 0-1.

  • Извештај од натпреварот: 

Творец на историскиот гол за азиската репрезентација беше Чои Јун во 39. минута, а голема заслуга за овој успех има и голманот Ли, кој на неколку пати беше на висината на задачата и со одлични интервенции не дозволи Еквадор да се врати во игра. 

Во големото финале, кое се игра в недела, Јужна Кореја ќе се сретне со Украина, која во првото полуфинале славеше над Италија со 1-0. Единствениот гол на натпревар го постигна Сергиј Булеца во 65. минута. 

  • Извештај од натпреварот: 

Финалниот натпревар се игра в недела попладне, а кој и да триумфира светот ќе добие нов мундијалски владетел во категоријата до 20 години.