Јужна Кореја е нов учесник на Мундијалот во Катар

Јужна

Репрезентацијата на Јужна Кореја ја победи Сирија (2-0) и со тоа се пласира на Мундијалот во Катар.

Со триумфот Јужнокорејците побегнаа на недостижни единаесет бода во однос на третопласираните ОАЕ на две кола до крајот на квалификацискиот циклус.

Иран како освојувач на првата позиција уште од порано го имаше обезбедено своето место на Светското првенство оваа година.

Стрелци за Јужна Кореја беа Ким Џин Су во 53. и Квон Чанг Хон во 71. минута.