Јувентус „живна“ на финансиски план со заминувањето на Влаховиќ

Италијанскиот гигант Јувентус летово направи голема реконструкција во нападот, но покрај спортскиот ефект, клубот од Торино направи и значителна финансиска заштеда.

Најтрофејниот клуб во Серија А ги доведе Рандал Коло Муани од ПСЖ и Керим Алајбеговиќ од Баер Леверкузен, а според анализите на „Калчо е Финанца“, нивниот вкупен годишен трошок за сезоната 2026/27 ќе изнесува околу 30,39 милиони евра.

Коло Муани пристигна за 38 милиони евра, со можни бонуси, а неговиот договор и амортизацијата на трансферот му носат годишен трошок од околу 18,44 милиони евра.

Од друга страна, Алајбеговиќ, кој дојде од Баер Леверкузен, ќе го чини Јувентус околу 11,95 милиони евра годишно.

За споредба, само Душан Влаховиќ во последната сезона во Торино имаше трошок поголем од 41 милион евра годишно поради високата плата и амортизацијата на трансферот од Фиорентина.

Токму поради финансискиот товар, Јувентус одлучи да го промени нападот - да ги намали расходите, но истовремено да создаде помлада и поконкурентна екипа.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.