Јувентус во свој стил, фудбалер од 120 милиони го носи како слободен играч?

Низ историјата можат да се пронајдат голем број на трансфери со кои Јувентус ја надмудри конкуренцијата.

Големи ѕвезди пристигнувале во Торино како слободни фудбалери. Од Пол Погба и Андреа Пирло, па до Арон Ремзи и Адриен Рабио. Тоа е „специјалитет“ на италијанскиот првак кој наредното лето би можел да направи уште една слична зделка.

„Кориеро дело Спорт“ пишува дека Јуве се договорил со Кристијан Ериксен од Тотенхем. Неговиот договор со премиерлигашот истекува на крајот од сезоната, а лондонскиот клуб доколку не го продаде, ќе пропушти да заработи 120 милиони евра, колку што е проценет креативецот на трансфер пазарот.

Данецот добил понуда за двојно повисока плата, но истата ја одбил, бидејќи има намера да си замине и да бара нов предизвик.

Доколку се остварат предвидувањата на италијанскиот весник, „старата дама“ ќе успее одново да се надмине себеси и да го направи невозможното.