ВИДЕО: Јувентус со комбиниран тим минимално подобар од Ријека

Екипата на Јувентус им се врати на активностите и забележа победа над Ријека (1-0) во пријателски натпревар кој се играше во Италија.

„Бјанконерите“ очекувано беа без половина тим поради настапите на играчите на Светското првенство. Од актуелните првотимци тука беа Шчешни, Мекени, Костиќ, Милик, Кин, а останатите беа резервисти или играчи од младинските погони кои се со потенцијал да станат првотимци.

По првото полувреме, мрежите мируваа, а потоа падна единствениот гол. Се играше 73. минута од мечот кога Моисе Кин се најде во позиција и ја искористи да постигне погодок вреден триумф за „бјанконерите“. Аке го проигра напаѓачот, голманот на Ријека го одбрани неговиот шут, ама не ја спаси и одбиената топка.

  • Извештај од натпреварот: 

Јувентус ќе одигра уште некој пријателски натпревар за да ја темпира формата за продолжението на Серија А.