Јувентус се повлече од Суперлигата: Бевме уверени во овој проект, но...

Еден од основачите на грандиозната Суперлига, екипата на Јувентус, реши да се повлече од проектот и така Италија остана без претставници затоа што истиот чекор го направија Интер и Милан.

За неверување е дека ова натпреварување ќе се оствари, затоа што сега во него останаа само Реал Мадрид и Барселона. Европските великани сакаа фудбал под своја капа и дерби-пресметки секоја седмица, ама УЕФА не им дозволи. Јувентус преку Андреа Ањели беше еден од главните во овој проект, но, не го дочека стартот.

„Јувентус беше уверен во овој проект за спортот, комерцијално, легално и правно, но сега мали се шансите Суперлигата да се игра во посакуваната форма. Но, по напуштањето на повеќе клубови, тоа не може да се исполни“, стои во соопштението на Јувентус.

Останува непознато што се случи за европските гиганти да се откажат од проектот кој направи „бум“ во последните 48 часа. Сите трпеа голем притисок од навивачите, од политичките стуктури, од УЕФА... па веројатно тоа е она кое пресуди пред богатата финансиска понуда да се биде Суперлигаш.