Јувентус сака да ги задржи Кедира и Пјаниќ, им понуди нови договори

Иако Миралем Пјаниќ се поврзуваше со премин во Барселона за да го наследи Андрес Иниеста, Каталонците ги демантираа тие шпекулации. Јувентус исто така одбива да го продаде Пјаниќ и веќе му понуди нов договор.

Италијанскиот првак сака да го задржи до 2022 година, а со новиот договор Пјаниќ ќе добие и повисока плата за шест милиони евра годишно. Со тоа би требало да стане еден од најплатените играчи за врска во Серија А.

Јувентус исто така му понуди договор и на искусниот Сами Кедира, кој исто така треба да добие повеќе пари, но договорот е на година дена помалку во споредба со Пјаниќ, односно до 2021 година. 

Двајцата ќе треба наскоро да ја донесат одлуката, но како што одат работите, тие и во иднина ќе го носат дресот на Јувентус.