Јувентус под закана за одземање на уште 20 бода!

Фудбалскиот клуб Јувентус се наоѓа во незавидна положба. Откако му беа одземени петнаесет бода од контото во Серија А, клубот од Торино се соочува со можност за нова драконска санкција. 

Имено, според „Кориере дело Спорт“, Италијанскиот фудбалски сојуз би можел да го казни Јуве со одземање на уште дваесет бода поради нерегулирани плати. Сослушувањето за оваа тема е закажано за март, додека конечната одлука се очекува во април или мај. Доколку се исполни ова црно сценарио, Јувентус би останал при дното на табелата и ќе биде сериозно загрозен опстанокот во лигата. 

Покрај тоа, според најавите од Италија постои и незадоволство меѓу играчите. Имено, првите ѕвезди на тимот побарале состанок со сопственикот Џон Елкан. Причината за таков потег е нестабилноста и нејаснотиите за иднината на Јувентус, па може многу лесно да се случи егзодус на најдобрите и повторување на црните денови од средината на првата деценија на овој милениум.