Јувентус под закана за исфрлање во Серија Б, ќе му биде одземена и титула?

Италијанското здружение за заштита на правата на потрошувачите објави шокантно тврдење дека Јувентус може да биде исфрлен во понизок ранг и воедно да му биде одземена последната титула поради финансиската истрага која се води во клубот.

Ова здружение соработува со Олимпискиот комитет на Италија и првиот човек на таа организација Марко Донциели кој говореше за истрагата. Јувентус е под сомнеж дека лажно прикажувал финансиски податоци, а доколку сомнежите се потврдат, Јувентус би можел да биде строго казнет.

Јувентус се огласи и во кратко соопштение ги увери навивачите дека соработува со службите во целата истрага и верува дека работите за ова финансиска истрага ќе се разјаснат во периодот кој следи. Под истрага е и претседателот Андреа Ањели поради наводно лажно пријавување на финансиските извештаи, како и директорот Павел Недвед, заедно со Фабио Патратичи кој сега е во Тотенхем.

„Кориере дело спорт“ објави дека не е Јувентус единствен во оваа истрага, туку тука се и Наполи, Рома, Аталанта, Џенова и Сампдорија. Засега, има официјален процес само против Јувентус, а се верува дека овој наводен скандал ќе го потресе италијанскиот, но и светскиот фудбал.

Јувентус веќе еднаш играше во Серија Б, кога во 2006 година беше исфрлен поради скандалот „Калчополи“.