Јувентус плаќа 40 милиони евра за напаѓачот кој постигна само два гола!

Италијанскиот гигант Јувентус во текот на летниот преоден рок ќе го откупи договорот на Лоис Опенда, кој настапува како позајмен играч од германскиот РБ Лајпциг. 

Иако постигна само два гола во текот на сезоната, Опенда ќе се задржи во Торино поради клаузулата која го обврза Јувентус да го реализира трансферот. Сумата изнесува 40 милиони евра, што е одлична зделка за бундеслигашот кој сакаше да се ослободи од неговите услуги. 

Управата и навивачите на Јувентус сигурно ќе очекуваат многу подобри изданија од Опенда, кој во првата сезона не се снајде баш најдобро во италијанскиот фудбал. Офанзивниот фудбалер ја започна кариерата во Клуб Бриж, а потоа играше уште за Витезе и Ленс.