• Саше Љолес
Италијанскиот гигант Јувентус одби спектакуларна понуда вредна околу две милијарди евра за преземање на клубот. Понудата пристигнала од криптовалутна компанија која веќе поседува малцински пакет акции, но раководството на клубот јасно ставило до знаење дека Јувентус не е на продажба.
Според информациите, потенцијалниот купувач понудил повеќе од една милијарда евра за мнозинскиот пакет акции, како и дополнителни значителни инвестиции во развојот на клубот, инфраструктурата и спортскиот сектор. Сепак, сопствениците на Јувентус ја одбиле понудата, нагласувајќи дека клубот има посебно историско и семејно значење.
Од раководството истакнале дека и покрај финансиските и спортските предизвици во последните години, Јувентус останува стратешки проект и дека целта е долгорочна стабилност и враќање на врвот на италијанскиот и европскиот фудбал.
Одлуката предизвика голем интерес во спортската јавност, со оглед на тоа што клубот во изминатиот период се соочуваше со финансиски проблеми и променливи резултати. Сепак, сопствениците порачаа дека веруваат во актуелниот проект и дека нема намера да се откажат од контролата врз клубот.







