ВИДЕО: Јувентус лесно мина во Удине и останува непоразен во Серија А

Фудбалерите на Јувентус им се вратија на победите во Серија А и славеа на гостувањето ка Удинезе со сигурни 0-2 (0-2) во натпреварот кој се играше во рамките на единаесеттото коло. 

  • Удинезе - Јувентус 0-2

„Бјанконерите' одиграа одлично прво полувреме и на паузата заминаа со двојна предност. Најпрво автогол си постигна Мадука Окоје, а конечните 0-2 беа дело на Николо Савона, кој биеше прецизно во 37. минута и го запиша првиот погодок во дресот на Јувентус. 

Тиаго Мота веројатно им поделил совети на своите играчи да ги чуваат силите во второто полувреме, па токму тоа и се случи. Јуве не делуваше премногу заинтересирано за противничкиот гол (иако имаше шанси преку Јилдиз и Копмајнерс), додека Удинезе напаѓаше и во еден наврат ја затресе пречката, но не успеа да постигне ниту почесен погодок. 

Јувентус сега има 21 бод и останува на третата позиција, додека Удинезе останува на 16 бода, доволни за седмата позиција на табелата. 

  • Болоња - Лече 1-0: 

Екипата на Болоња со многу мака успеа да го скрши отпорот на незгодниот Лече и успеа да слави победа со конечни 1-0 (0-0). Стрелец на единствениот гол беше Рикардо Орсолини, кој донесе огромна радост за навивачите во 85. минута од натпреварот. 

Состави

Kosta Runjaic

3-5-2

    Тиаго Мота

    4-2-3-1