Јувентус ќе пазари во Милано, Донарума на радарот на „старата дама“

Донарума

Остануваат уште два месеци од тековниот договор на Џанлуиџи Донарума и Милан. Талентираниот голман има дилема каде да ја продолжи кариерата и засега нема најава дека ќе остане на „Сан Сиро“.

Тоа ја отвори вратата на неколку европски гиганти. Меѓу нив во последен момент влета Јувентус, кој сака да ја засили голманската позиција со играчот на големиот ривал.

22-годишникот има големо искуство позади себе и веќе има одиграно над 200 натпревари за „росонерите“. Неговите барања од 12 милиони годишна плата се проблемот во преговорите со клубот.

Џанлуиџи Буфон ќе си замине од Торино и тоа ќе остави празно место во тимот. Според „Газета дело Спорт“ нова голманска опција би можел да биде италијанскиот репрезентативен чувар на мрежата.

Милан засега нуди само осум милиони годишно, а Мино Раиола нема да се задоволи без да ја исполни желбата на клиентот, кој бара и клаузула во договорот до 2023 година со која ќе може да замине кога сака.