Јувентус ја зацврстува и одбраната, Годин и Бернат први на листата на „старата дама“

Доаѓањето на Кристијано Роналдо ќе донесе големо подобрување на нападот, но Јувентус во наредните неколку дена ќе бара решенија за променливата одбрана. 

Заминувањето на Даниеле Ругани ја отвора вратата за нови засилувања во дефанзивата на италијанскиот шампион. Диего Годин од Атлетико Мадрид и Хуан Бернат од Баерн Минхен се првите имиња кои се поврзуваат со екипата на Масимилиано Алегри.

Јуве доминира во Италија, но целта на раководството е да се постигне посакуваниот успех во Европа, поточно во Лигата на шампионите. Победничкиот менталитет на Роналдо ќе биде од голема помош за „бјанконерите“, но сепак клучот ќе биде составувањето на одбранбениот бедем пред голманската позиција.

„Старата дама“ ова лето ги доведе Перин, Калдара, Спинацола, Емре Чан и Пјаца, а се раздели од Буфон и Лихштајнер.