• Иван Димовски
Фудбалерите на Јувентус се радуваа на победа во осминафиналето на Копа Италија, откако ја победија Монца со 2-1 (1-1). Средбата на „Алијанц Јувентус Стадиум“ во Торино понуди изедначен дуел, а Моизе Кин и Федерико Киеза донесоа радост на „старата дама“.
- Извештај од натпреварот:
Првата закана по гостинскиот гол ја имаше Николо Фаџоли, по само пет минути игра биеше крај голот. Резултатот успеа да го отвори Моизе Кин, кој во осмата со глава по центаршут од Мекени стрела за 1-0. Монца успеа да израмни од првата своја можност. Матиа Валоти ја натскока одбраната и со глава погоди за израмнување во 24. минута.
До полувремето Јуве имаше уште неколку обиди преку Џуниор, Суле и Мирети, меѓутоа немаше резултатски промени. Во продолжението добра можност имаше Кеан, но на голот за победа се чекаше долго. Дури во 78. минута Киеза изведе мајсторија, по соло-продор со одличен удар го матира противничкиот голман за конечните 2-1.
Јувентус во четвртфиналето оди на мегдан со Лацио.