„Јувентус изгледаше како ѓубре и заслужено е исфрлен од Европа“

Поранешниот италијански напаѓач Антонио Касано често се наоѓа во центарот на вниманието на јавноста. Причината за тоа се контроверзните коментари и критики кои ги упатува. Сега, на „мета“ на Италијанецот се најде Јувентус

Касано го коментираше исфрлањето на „старата дама“ од Лига Европа по двомечот со Севиља.

„Севиља заслужено мина понатаму. Одигра добро и знаеше што да прави со топката во тешките ситуации. Ова беше натпревар кој го одигра само Севиља, од почеток до крај. Јувентус имаше две контри, две шанси од прекин, а потоа даде гол и се затвори. Тие секогаш се такви, ќе се пласираат во Лигата на шампионите и на теренот ќе изгледаат како ѓубре, одат во Лига Европа - иста ситуација. 

Сезонава нема да освојат ништо. Алегри ќе истовари г*мна по останатите. Ќе зборува за потешкотии. Две години не одиграле пристоен натпревар, играат ѓубре од фудбал и заслужено испаднаа од Европа“, изјави Касано. 

Јувентус во моментов се наоѓа на место на табелата во Серија А кое го води во Лигата на шампионите следната сезона. Сепак, се очекува нова пресуда и веројатно нова казна која ќе биде одземање бодови, па тоа ќе биде удар за клупските амбиции.