Јувентус и дефинитивно остана без долгогодишната „единица“

Јувентус и официјално го објави заминувањето на актуелниот стартен голман Војчех Шчесни, чиј договор до летото 2025 година беше раскинат по потписот на Микеле Ди Грегорио од Монца.

34-годишниот играч одигра 252 натпревари за Јувентус, од кои 200 во Серија А, што го прави седмиот странец кој има најмалку 200 првенствени настапи за Јувентус. Забележа 100 чисти мрежи и одбрани девет пенали, со импресивна стапка на успешност од 73% одбрани, ставајќи го на прво место во тој поглед во Серија А откако пристигна во Торино.

Севкупно, полскиот интернационалец освои осум трофеи во неговите седум години како Бјанконеро: три титули првак на Италија, три Купа на Италија и два италијански Суперкупа.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.