Јувентус го промовира новиот дрес, логото е целосно – розово!

Најтрофејниот италијански клуб Јувентус го промовира новиот дрес со кој ќе игра во следната натпреварувачка сезона. 

За кампањата 2025/26 „старата дама“ се потпре на традиционалните црно-бели линии како основа на дресот. Сепак, заедно со компанијата „Адидас“ одново се решија за радикален и многу интересен детаљ на дресот. Препознатливите линии на „Адидас“ ќе бидат во розева боја, како и логото, знакот и делови на шорцевите и чорапите. 

Јувентус и во минатото знаеше да прави слични комбинации, па покрај стандардните бои користеше и трета светла. Мислењето кај навивачите е поделено, на дел од нив им се допаѓа дизајнот, а дел ги критикуваат креаторите.