Јувентус го „краде“ Нејмар со понуда од 100 милиони евра плус Дибала

Нејмар Дибала

Сензационален трансфер е на повидок да се случи во Серија А. По доаѓањето на Кристијано Роналдо минатото лето, италијанскиот фудбал би можел да добие уште една голема ѕвезда.

Бразилецот Нејмар е на излезни врати од ПСЖ. За него борба водат Барселона и Реал Мадрид, а изненадувачки победник во целата ситуација би можел да испадне Јувентус.

За услугите на напаѓачот „старата дама“ подготви 100 милиони евра плус Пауло Дибала. Аргентинецот одамна е отпишан од Маурицио Сари, па би можел да заврши надвор од Апенините ова лето.

Томас Тухел, тренерот на францускиот првак, најави дека неговата ѕвезда ќе си замине доколку во Париз пристигне достојна замена.

Барса нема доволно пари за да го исплати овој трансфер, а „кралевите“ многу веројано ќе се откажат од него поради Зинедин Зидан, кој не го сака во својата соблекувална.