Јувентус го чува врвот, Милан ќе ја руши негативната традиција на „Сан Сиро“

Статистиката вели дека Милан не успеал да го победи Јувентус на последните 12 меѓусебни пресметки во сите натпреварувања. Покрај тоа, Јувентус на последните пет од вкупно седум меча успеа да ја сочува мрежата недопрена. Дали конечно дојде време Милан да го победи стариот ривал на „Сан Сиро“?

Ќе биде многу тешко, затоа што се работи за Јувентус, тим кој е недопирлив во последните години на „чизмата“. Но, постои надеж кај „росонерите“, затоа што фатија одличен ритам по рестартот на шампионатот во Италија. Јувентус не знае за пораз во лигата, а неуспех има само во Купот каде по изведување на пенали во финалето загуби од Наполи. Така, статистиката гласи дека Јувентус е далеку подобар...

Пауло Дибала и Матијс Де Лихт се под суспензија, па се очекува во првата постава на „старата дама“ да ги заменат Гонзало Игуаин и Даниеле Ругани. Што се однесува до Милан, нема да може да сметаат на повредениот Кастиљехо и казнетиот Хакан Чалханоглу.

Со оглед на тоа што последните девет гостувања на Јувентус на „Сан Сиро“ завршиле со резултат од 0-2 гола, ова делува како вистинскиот тип. Но, мора да се биде внимателен затоа што Милан има постигнато по најмалку два гола на последните четири, а Јувентус во последните седум кола.

Погледнете ги сите коефициенти за Серија А »

„Црно-белите“ од Торино сакаат да ја сочуваат првата позиција на дистанца од Лацио, додека Милан се бори за пласман во Европа.