Јувентус е спремен да жртвува дури четворица во замена за Киеза?

Не е тајна дека Јувентус е силно заинтересиран за играчот на Фиорентина, Федерико Киеза. Сепак, новиот сопственик на Виола, Роко Комисо се покажа како тежок преговарач кој ги одржува високите барања за играчот. 

Според пишувањата на италијанските медиуми, „старата дама“ е спремна да испрати неверојатна понуда од дури четири фудбалери во Фиренца, во замена за договорот на Киеза. 

Се работи за Матија Перин, Даниеле Ругани, Лука Пелегрини и Кристијан Ромеро, кои треба да заминат во спротивен правец. Андреа Ањели веќе најави дека по кризата од коронавирусот, фудбалот треба да се сврти кон „НБА-модел“ на размена на играчи, наместо исплаќање на енормни суми. 

Најавите велат дека Фиорентина би била заинтересирана да ги сослуша челните лица на Јувентус, особено за Матија Перин. Иако на голот го имаа одличниот Драговски кој се истакна оваа сезона, интересот за него порасна и налето може да замине.