Јувентус до крајот на август ќе ги продолжи договорите со четворица фудбалери

Со враќањето на Леонардо Боничи, италијанскиот шампион како да го заврши трансфер-периодот и сега мислите ќе ги насочи кон нови договори со своите најдобри фудбалери. 

Како што пишува „Кориеле дело Спорт“ раководството на „старата дама“ размислува да им понуди нови договори со организаторот на играта Миралем Пјаниќ и левиот бек Алекс Сандро. Двајцата фудбалери ова лето беа поврзувано со трансфери во Премиер лигата и Примера, но сепак, Јуве одолеа на сите понуди и успеа да ги зачува во своите редови. 

Пјаниќ, за кого беше заинтересиран Манчестер Сити најверојатно ќе добие нов договор до 2023 година, со годишна плата од седум милиони евра, додека соработката со Сандро ќе биде продолжена до 2020 година. 

Покрај со босанскиот и бразилскиот фудбалер, до крајот на август Јувентус се очекува да ги продолжи договорите и со дефанзивците Ругани и Бенатија.