ВИДЕО: Јувентус даде два гола во две минути за победнички крај на сезоната

Екипата на Јувентус со победа над Монца (2-0) ја затвори сезоната во Серија А во која заврши на третото место и следната година ќе игра во фудбалската Лига на шампиони.

„Бјанконерите“ кои во изминатите пет кола беа мајстори за нерешени и имаа пет такви исходи во низа на мечот со Монца дојдоа до победата на рутински начин. Дадоа два гола во две минути и така си ја завршија работата уште во првиот дел.

Резултатот на „Алијанц Арена“ во Торино се отвори во 26. минута кога погоди Федерико Киеза по асистенција на Милик, а потоа Фаџоли во 28. минута го пронајде Алекс Сандро и тој ги постави конечните 2-0. Имаше повеќе шанси за гол на стартот на вториот дел, ама мрежата не се тресеше третпат. Монца го заврши дуелот и со играч помалку поради црвен на Зербин.

Покрај Јувентус, следната сезона во ЛШ ќе играат и Милан и Болоња, а последното место ќе се решава во последната рунда.

Состави

Масимилијано Алегри

3-4-1-2

    Рафаеле Паладино

    3-4-2-1