ВИДЕО: Јувентус блесна во Малме, Лукаку го спаси европскиот првак

Фаворитите во групата Х започнаа со победа на стартот од новата сезона во Лигата на шампионите.

Јувентус беше убедлив на гостувањето кај Малме (0-3). Тимот на Масимилијано Алегри конечно заигра во посакувана форма и без проблем обезбеди цел плен во Шведска. Победникот беше одлучен во првиот дел, кога Алекс Сандро погоди со глава, зголеми Пауло Дибала, а на крај Алваро Мората од пенал зголеми на недостижна разлика.

  • Малме - Јувентус 0-3: 

Европскиот првак Челзи се намачи против жилавиот Зенит и минимално ги израдува домашните навивачи на „Стемфорд Бриџ“ (1-0). Долго време се чекаше за отворање на резултатот. Се играше 69. минута кога Ромелу Лукаку се најде на вистинското место за да ја комплетира акцијата, започната од Цезар Аспиликуета.

  • Челзи - Зенит 1-0: 

Во рамки од групата Г, Лил одигра без голови на домашен терен против Волфсбург. Домашниот тим беше поблиску до победата, а во 48. минута постигнаа погодок, кој беше поништен по реакција од ВАР-собата.

  • Лил - Волфзбург 0-0: 

Утре се играат преостанатите осум натпревари од првото коло на Лигата на шампионите. 

Состави

Томас Тухел

4-4-2

    Sergey Semak

    4-4-2