ВИДЕО: „Јувентините“ го слават 5 мај - денот кога им удрија сеир на ривалите од Интер

Ривалсвото меѓу Интер и Јувентус е едно од најизразените, ако не и најголемото на „чизмата“. Еден до највпечатливите моменти од едновековното ривалство се случи на 5 мај 2002 година. Во последното коло на шампионатот на Италија, на лидерот Интер му требаше бод во Рим против Лацио за да го прослави „скудетото“ кое го чекаше со децении.

Сепак, „лацијалите“ предводени од Симеоне и Карел Поборски со пресврт славеа со 4-2 и му го подарија скудетото на Јувентус на Липи, кој во исто време славеше во Удине со 0-2.

  • Лацио - Интер 4-2 (2022 година):

Солзите на Роналдо и Виери и неверицата на тренерот Хектор Купер го обиколија светот, а анти-интеристите, најмногу фановите на Јуве од сеир го слават 5 мај.

Да биде трагедијата на Интер уште поголема во последните пет кола од тој шампионат Интер прокоцкна седум бода предност и сам си е виновен што не ја освои титулата.