ВИДЕО: Јуве загуби од Аталанта, борбата за ЛШ ќе биде пеколна!

Екипата на Јувентус се чини дека го испушти и „последниот воз“ за ново скудето во италијанскиот фудбал и сега трепери за влез во Лигата на шампионите. Шампионот во периодот кога фати ритам и врза две победи во Серија А, се „лизна“ на гостувањето кај Аталанта и со поразот од 1-0 му дозволи на Интер со евентуален триумф вечерва над Наполи да се искачи на +14 бода, на седум кола до крајот на шампионатот.

  • Аталанта - Јувентус 1-0:

Иако се очекуваше вистински спектакл во Бергамо, актерите на натпреварот тотално потфрлија и одиграа натпревар за заборав, исполнет со многу грешки и само еден гол, постигнат во самиот финиш.

Ако Јувентус беше тимот кој беше за нијанса поактивен и имаше поизгледни шанси за погодок, домаќинот од својата единствена вистинска закана стигна до посакуваниот гол, вреден три бода. Херој на домаќините беше Руслан Малиновски, кој во 87. минута го совлада Шчесни и го „расплака“ шампионот.

За разлика од дербито со Бергамо, во Рим, екипите на Лацио и Беневенто, во братскиот дуел на клупите, одиграа фантастичен натпревар со осум постигнати гола и победа на домаќините од 5-3.

  • Лацио - Беневенто 5-3:

Ефикасно беше и во Болоља, каде момците на Синиша Михајовиќ со 4-1 го совладаа тимот на Специја.

  • Болоња - Специја 4-1:

Попладнево играат Торино и Рома, а колото го затвораат Наполи и Интер вечерва на „Сан Паоло“.