ВИДЕО: Јуве со победа го крена „скудетото“ и го испрати Буфон

Екипата на Јувентус со победа го крена седмото „скудето“ во низа. Во Торино, во емотивен меч, падна веќе испаднатата Верона (2-1), триумф со кој „бјанконерите“ финишираа со 30 победи по 38 одиграни кола.

Навивачите на Јувентус го славеа новиот трофеј, но истовремено и жалеа затоа што живата легенда на клубот, Џиџи Буфон, реши да си замине по долги години. По првото полувреме без голови, резултатот на мечот го отвори Ругани, кој во 49. минута успеа да погоди по една одбиена топка од голманот на Верона.

Три минути подоцна, стрелаше и Миралем Пјаниќ, на атрактивен начин од слободен удар, а Верона се врати во мечот преку Черчи во 76. минута, но Јуве не дозволи сензација. Победата на домаќинот можеше да биде и поголема, но Лихтштајнер во 85. минута промаши пенал.

Буфон беше заменет со Шчешни во 63 минута, а целиот стадион со овации го испрати култниот голман. Заедно со Буфон Јувентус го напуштаат и Асамоах и Лиштајнер, кои на истек од договорот ќе побараат нова средина.

Јувентус собори серија на рекорди со сезоната 2017/18 и воочи утрешниот натпревар на Наполи со Кротоне предноста ја зголеми на седум бода пред најблискиот пратител. Клубот од Торино четврта години по ред слави двојна круна во италијанскиот фудбал.