• Зоран Мишевски
Барселона се пласира во четртфиналето на Лигата на шампиоите, со победата од 3-1 против Наполи и вкупен резултат 4-2 во соочувањето на шампионот на Шпаниа и Италија.
Откако Наполи беше елиминиран, стана и официјално дека Јувентус ќе се натпреварува во првото издание на новиот формат на Светското клупско првенство, кое е закажано за летото 2025 година во Соединетите Американски Држави. На овој турнир ќе настапат 32 екипи од целиот свет, а благодарение на испаѓањето на Наполи таму ќе биде и „старата дама“.
Инаку, при доделувањето на места на турнирот се собира четиригодишното рангирање на УЕФА за клубови, а сигурно место на турнирот имаат Баерн, ПСЖ, Порто, Бенфика, Борусија Дортмунд, Челзи, Реал Мадрид, Манчестер Сити...
Наполитанците пробаа со неколку правни начини да се тргнат Јувентус од патот, но ФИФА минатата недела потврди дека Јуве е во игра и покрај казната минатата година во Серија А. Претседателот Аурелио де Лаурентис се надеваше дека Јувентус ќе биде казнет поради финансиските неправилности поради кои беше отстранет од натпреварувањето на УЕФА оваа сезона. И покрај тоа што оваа сезона не настапи во Лигата на шампионите, Јуве сепак собра доволно бодови за да биде пред актуелниот шампион на Италија,
Со самиот настап на Светското клупско првенство Јуветус ќе добие 50 милиони евра.