Јуве се откажа од Суарез, сега опција е само Џеко

Луис Суарез повеќе не е реална опција за Јувентус затоа што напаѓачот ако направи трансфер нема да ја добие потребната документација со време и нема да му биде на располагање на Андреа Пирло.

Уругвајскиот голгетер нема да има лиценца до 5 октомври, па затоа ќе се сврти кон другите опции. Тука е и Барселона, каде може да остане, пред се поради инсистирање на најдобриот пријател Лионел Меси.

Сега Јувентус има една опција. Тоа е Един Џеко од Рома. Ситуацијата ќе зависи од трансферот на Аркадиус Милик кој се планира, од Наполи во Рим. 

Работата ќе биде појасна во наредните денови и за Јувентус и за капитенот на БиХ.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.