ВИДЕО: Јуве пак разочара, Лацио преку пресврт го „среди“ шампионот

Италијанскиот шампион Јувентус не успеа да го искористи вчерашното реми на Интер против Рома и повторно ги разочара своите фанови. Во последниот денешен натпревар од 15. коло на Серија А „старата дама“ го загуби големото дерби со Лацио (3-1) и остана на втората позиција на табелата во италијанскиот шампионат. 

  • Извештај од натпреварот: 

Фудбалерите на Маурицио Сари со Кристијано Роналдо како предводник во нападот беа фаворити на хартија, но не успеаја да го докажат тоа на Олимпискиот стадион во Рим и заслужено со наведнати глави се враќаат во Торино, иако први го отворија резултатот. 

По 25 минути игра токму португалскиот ас се најде на вистинско место по центаршутот на Бентакур и ја смести топката во домашната мрежа, но Јуве не замина на пауза со позитива, затоа што Луис Фелипе во 46. минута со прекрасен удар со глава израмни на 1-1. 

Во вториот дел Јуве тргна за момент ја презеде контролата врз играта и го нападна домашниот гол, но Дибала не ја искористи првата можност, додека во следниот напад Квадрадо го остави на цедило својот тим, откако направи неспортски фаул и заработи директен црвен картон.

Бројчаната предност „небесно-сините“ веднаш ја искористија и Сергеј Милинковиќ-Савиќ на мајсторски начин го совлада Шчесни и ги го врати домашното водство. До крајот на натпреварот Лацио можеше да извојува убедлива победа, но Имобиле во 79. минута не реализира удар од 11 метри, но сепак за нова радост на домашните фанови се потруди Кајседо кој погоди во 95. минута за конечни 3-1. 

Во следното коло Јуве раните ќе ги лечи против Удинезе на Илија Несторовски, додека Лацио го чека гостински натпревар против Каљари.

Состави

Simone Inzaghi

3-5-2

    Maurizio Sarri

    4-3-1-2