ВИДЕО: Јуве одигра за Палермо и Трајковски, со комбиниран состав го совлада Карпи

И покрај освојувањето на 34. титула во Серија А, тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри одлучи достоинствено да ги доигра преостанатите натпревари од најелитното италијанско фудбалско натпреварување. 

Во претпладневниот термин од 36. коло во Серија А, фудбалерите од Торино извојуваа сигурна победа од 2-0 (1-0) против тимот на Карпи, со што на еден начин им помогнаа на Трајковски и Палермо со евентуална победа против Сампдорија да се изедначат со Карпи во борбата за опстанок. 

Творци на победата на италијанскиот шампион беа Хернанес во 42. и резервистот Заза во 80. минута од натпреварот. 

Во следното коло Јуве ќе гостува кај Верона, додека Карпи на домашен терен ќе го дочека тимот на Лацио.