• Горан Упале
Фудбалерите на Јувентус по само три дена му се реваншираа на големиот ривал Лацио за поразот во Серија А (1-0) и вечерва во рамките од првиот натпревар од полуфиналето во Купот на Италија извојуваа сигурен триумф од 2-0 (0-0). Дали оваа победа ќе биде доволна за пласман во финалето ќе дознаеме на 23 април, за кога е закажан реваншот на „Олимпико“ во Рим.
- Извештај од натпреварот:
По мирните први 45 минути, во кои само „старата дама“ успеа да упати еден директен удар кон противничкиот гол, а Лацио речиси и да немаше ниту еден посериозна шанса за погодок, на стартот од второто полувреме следуваше вистинска фудбалска битка и два брзи гола на домаќините.
Прва радост на „Јувентус Алианц Стадиум“ донесе Федерико Киеза на асистенција на Камбиасо, додека четиринаесет минути подоцна Душан Влаховиќ по два натпревари пауза одново стрелаше за Јуве и ги постави конечните 2-0.
Вториот патник во финалето ќе го даде двомечот меѓу Фиорентина и Аталанта. Првата средба се игра утре во Фиренца.