ВИДЕО: Јуве на погонот на Коло Муани и Гонзалез ја среди Монца во Серија А

Фудбалерите на Јувентус извојуваа сигурна победа над Монца со 2-0 (2-0) во Торино во натпревар од 34. коло од италијанската Серија А.

  • Извештај од натпреварот:

„Бјанконерите“ лесно го скршија отпорот на гостите, а најзаслужни за тоа без зимското засилување Рандал Коло Муани и Нико Гонзалез. Првиот погодок го постигна аргентинскиот офанзивец, кој во единаесеттата минута на додавање на Веига го отвори резултатот и донесе радост на трибините. 

Во продолжение Коло Муани пропушти одлична шанса за 2-0, но Французинот го надомести промашувањето во 33. минута, кога беше на висина на задачата и го одлепи Јувентус на два гола позитива. Јувентус пред крајот на полувремето остана со играч помалку, откако Кенан Јилдиз заработи црвен картон.

Продолжението на натпреварот се одвиваше во малку помирен ритам, Монца имаше поголем посед на топката поради бројчената супериорност, но не успеа да создаде ниту една посериозна шанса, па клубот од Торино на крајот забележа победа, со која се смести на четвртата позиција на табелата во Серија А со 62 бода. Монца, пак, е последна со 15 бода.