ФОТО: Јуве игра со специјален дрес во чест на последниот натпревар на Буфон

На последниот натпревар во сезоната, Јувентус го претстави новиот дрес, на кој се вградени симболите за новите трофеи освоените минатите десет дена и на кој стои посвета за Џиџи Буфон, кој денес го игра последниот натпревар во дресот на гигантот од Торино.

Имено, на дресот со црно-бела боја стојат логото кое го носи шампионот и победникот на Купот на Италија, а на ракавот испишана е паролата UN1CO - што ги спојува бројот 1 на дресот и зборот единствен кој клубот му го посвети на капитенот Буфон.

Овој дрес веќе цела недела се продава во Торино и предизвика голем интерес меѓу армијата фанови на „старата дама“.