ВИДЕО: Деби од соништата – Рафиа е Куп-херојот на Јувентус!

Фудбалерите на Јувентус го продолжија трендот на гигантите во Италија, па по Интер и Милан, и „старата дама“ по продолженија го скрши отпорот на Џенова и победи со 3-2 (2-1) за пласман во четвртфиналето на Копа Италија

  • Извештај од натпреварот:

Иако момците на Андреа Пирло рано поведоа со 2-0 и изгледаше дека ќе запишат нова рутинска победа „грифоните“ одново покажаа дека се „тврд орев“ за шампионот, па како што ги измачија во Серија А, се случи и вечерва во Купот. 

Дејан Кулушевски го отвори резултатот за Јуве по само две минути игра, на асистенција од Кјелини. Швеѓанецот имаше удел и во вториот гол, проигрувајќи го Алваро Мората кој стрелаше за 2-0 во 23. минута. Само пет минути подоцна Цибора намали и ја врати надежта на Џенова, за на полувреме да заминат со само еден гол негатива. 

Балардини реши да не менува, Пирло во игра ги испрати Рабио, Бонучи и Данило, а во финишот и Роналдо и младиот Рафиа. Сепак, филозофијата на Балардини се испостави како подобра, бидејќи Мелегони донесе израмнување и огромно одушевување за екипата од „Луиџи Ферарис“. 

Во судиското надополнување токму пред истекот на првите 15 минути меѓу стрелците се запиша младиот Мароканец, Хамза Рафиа, гол со кој го реши натпреварот во корист на Јувентус (3-2). За фудбалерот ова беше деби настап и деби гол во дресот на „бјанконерите“.