Јуве го позајми Тиаго Џало во Порто

Во одредени национални првенства во Европа преодниот рок не е затворен и завршува неделава. Така, излезните трансфери дури и во најголемите клубови сè уште се возможни. 

Централниот дефанзивец на Јувентус, Тиаго Џало, сезоната ќе ја помине на позајмица во Порто.

Фудбалерот се приклучи на Јувентус во последниот зимски преоден рок и потпиша договор до крајот на јуни во 2026 година. 24-годишниот дефанзивец во претходната сезона се соочи со потешка повреда и учествуваше на само еден натпревар.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.