ВИДЕО: Јуве го подигна скудетото, Роналдо централна фигура во славјето

Иако математички титулата ја освоија уште пред еден месец, фудбалерите на Јувентус трофејот како старо-нов шампион на Италија го примија дури вечерва по одигрувањето на последниот домашен натпревар во сезоната,

По ремито против Aталанта и испраќањето на Алегри и Барзаљи, фановите останаа на своите места, а сите фудбалери ги добија своите медали како шампиони на Италија. Кристијано Роналдо, освојувач на своето прво скудето беше централна фигура во прославата, а вчера го доби признанието и за најкорисен фудбалер на сезоната во Серија А.

  • Славјето и доделувањето награди за новиот шампион на Италија:

Новата сезона официјално ќе почне во август, а во Суперкупот на Италија ќе се сретнат шампионот Јувентус и победникот на Купот, Лацио.