ВИДЕО: Јуве го освои традиционалниот „Трофеј Берлускони“, првпат по дуел со Монца

Јувентус е освојувач на најстариот претсезонски натпревар за трофеј - „Луиџи Берлускони“. Овој децениски натпревар во чест на синот на Силвио Берлускони денес сврте нова страница, бидејќи наместо Милан - Јувентус натпреварот за трофеј го играа Монца и Јувентус.

Новиот клуб на Силвио Берлускони, денес второлигаш, тестираше со реновираниот Јуве на Макс Алегри. И без репрезентативците кои настапија на Европското првенство, кои уште се на одмор, „црно-белите“ беа пресилни за малиот ломбардиски клуб, кој за малку не успеа да влезе во Серија А.

Со головите на Ранокија и Кулушевски, Јуве извојува победа од 1-2 (0-1), најавувајќи позитивни сигнали за новата Серија А која почнува на 21 и 22 август. Единствениот гол за Монца го постигна Д'Алесандро во финишот.

По натпреварот впечатливи беа насмевките на Галијани и Алегри, кои заеднички соработуваа во последното скудетото на Милан.