ВИДЕО: Јуве го доби своето скудето, никогаш понеубедливо и со послаби конкуренти

Никогаш понеубедливо, со само еден бод повеќе од второпласираниот Интер, Јувентус го освои шампионатот на Италија. Екипата на Сари не се прослави по рестартот и загуби против Милан, Удинезе, Каљари и Рома, а ремизираше со Сасуоло и Аталанта. Сепак, конкурентите беа уште послаби и скудетото деветта година по ред заврши во Торино.

По поразот од Рома со 1-3 во последното 38. коло, Италијанската федерација го додели скудетото на капитенот Џорџо Кјелини, единствен со деветте освоени титули по ред. Овој трофеј е прв за Маурицио Сари, втор по ред за Роналдо, петти за Квадрадо и Дибала, а дури десетти во кариерата за Џиџи Буфон.

  • Церемонијата на прогласување на шампион на Италија: 

Новата сезона во Серија А предвидено е да започне кон средината или крајот на месец септември.