• Иван Димовски
Скандал го одбележа натпреварот меѓу Олимпик Марсеј и Аталанта (0-1) во Лигата на шампионите. Во главна улога беа тренерот Иван Јуриќ и Адемола Лукман. Нигериецот беше незадоволен поради замена па веројатно прокоментира нешто, а Хрватот не му го премолче тоа.
Јуриќ го фати поагресивно за рака, сакајќи да му ги разјасни работите и тоа изгледаше неубаво на камера. Сепак, по натпреварот тој нагласи дека се случила грешка, но тоа е нормално.
„Овие работи се случуваат секоја недела. Се случи со Конте и Де Брујне, во момент на жешки глави малку претерано реагираме, ама работите се разјаснуваат во соблекувалната. Играчите не ги прифаќаат замените добро речиси никогаш, а кога се малку нервозни реакциите им се претерани. Најважно е дека сите се сложуваме, Аталанта пред и над сè“, прокоментира Јуриќ за ситуацијата.
Овие ситуации во фудбалот се случуваат сè почесто и главно во центарот на вниманието се играчи кои се ѕвезди на своите тимови.







