Јуриќ наместо на подготовки со Аталанта, хоспитализиран во болница!

Новиот тренер на Аталанта, Иван Јуриќ, е хоспитализиран поради респираторни проблеми предизвикани од инфекција на грлото.

Поради здравствени проблеми, хрватскиот стручњак го пропушти почетокот на подготовките на тимот за новата сезона. Како што објави клубот, неговата здравствена состојба се подобрува и се очекува Јуриќ да биде отпуштен од болница во наредните денови.

Инаку, Јуриќ изгради богата тренерска кариера во Италија, каде што претходно ги водеше Мантова, Кротоне, Џенова, Торино, Верона и Рома. Неговиот последен ангажман беше во англискиот Саутемптон, кој го презеде во текот на сезоната, но не успеа да го задржи статусот на тим од Премиер лигата.

Тој пристигна во Аталанта ова лето со цел да ја продолжи успешната серија на клубот од Бергамо, кој пред две сезона ја освои Лига Европа под водство на Џанпјеро Гасперини.