Јуриќ ќе седне на клупата на Верона, доаѓа ли и Пандев во „градот на љубовта“?

Хрватскиот стручњак Иван Јуриќ ќе ја предводи Верона во следната сезона на италијанската Серија А. Повратникот во елитата ги договори сите детали со 43-годишниот хрватски стручњак и наскоро се очекува официјализација. 

Човекот кој во три наврати ја водеше Џенова на Горан Пандев ја доби довербата на Верона пред човекот која ја внесе екипата во Серија А, Алфредо Аљети. Освен во Џенова, Јуриќ беше тренер и на Мантова и на Кротоне, а како помошник седеше на клупата на Интер и Палермо.

Верона се поврзува и со македонскиот репрезентативен капитен Горан Пандев, кој е слободен фудбалер, откако му заврши постоечкиот договор со Џенова.