Јунакот на Ривер е позајмен од Порто, а се наоѓа на радарот и на Реал Мадрид

25-годишниот Колумбиец Хуан Фернандо Кинтеро синоќа го постигна голот на кариерата и веројатно ја доживеа најголемата професионална радост во животот. Со резантен удар со левата нога, Кинтеро го матира Андрада и на Ривер му донесе предност од 2-1 во 109. минута.

Малкумина знаат дека овој фудбалер е на позајмица од Порто во Ривер и аргентинскиот клуб има опција да го откупи за само 3,2 милиони евра. Сепак, многу веројатно по Мундијалот за клубови, Кинтеро ќе си замине од Аргентина и ќе одбере друг континент.

Се спомнува Реал Мадрид, како алтернатива за времешниот, предвидлив и спор среден ред, но и мултимилионска понуда од Кина, каде Кинтеро најдобро би профитирал.

Сепак, каде и да замине, овој поранешен фудбалер на Пескара, Рен, Индепендиенте, секогаш ќе остане легенда на Ривер Плата.