Јунајтед за првпат во историјата одигра официјален натпревар без публика

Манчестер Јунајтед синоќа лесно се справи со ЛАСК и во Линц славеше со огромни 0-5, па ќе има олеснета задача во реваншот од осминафиналето во Лигата на Европа. 

<<< - ПОВРЗНО - ВИДЕО: „Ѓаволите“ танцуваа во Линц и гледаат кон четвртфинале на ЛЕ

Интересен податок за средбата на „Рајфајзен Арена“ во Пашинг беше дека „црвените ѓаволи“ за првпат во својата историја одиграа официјален натпревар пред празни трибини. Досега во минатото, Јунајтед играл зад затворени врати само пријателски дуели, но никогаш официјален. 

Реванш дуелот со ЛАСК се игра за седум дена на „Олд Трафорд“, секако доколку дотогаш нема промени или евентуално суспендирање и на ова натпреварување.

<<< - ПОВРЗАНО - ОФИЦИЈАЛНО: УЕФА во вторник ќе решава за европските натпревари и ЕП