• Горан Упале

Тајрел Маласија и официјално го напушти Манчестер Јунајтед. Како што соопшти клубот, тој потпиша договор со ПСВ Ајндховен, каде до крајот на оваа сезона ќе игра како позајмен играч.
25-годишниот бек имаше многу проблеми со повредите, кои го оддалечија од терените и очигледно е дека не успеа да ја врати формата, што ќе се обиде да го направи тоа во ПСВ.
„Среќен сум што сум тука. Конечно можам да играм квалитетен фудбал. Се враќам по тешка повреда, но сега сум подготвен и очекувам да дојде моето време", изјави Маласија по пристигнувањето во ПСВ.
Тој е третиот играч на Манчестер Јунајтед кој зимава замина на позајмица, по Маркус Рашфорд и Антони. Холандскиот лев бек пристигна во Манчестер Јунајтед од Феенорд за околу 15 милиони евра, а ПСВ налето ќе има можност да го откупи за 20 милиони евра.