„Јунајтед треба да го брка Кејн, а не Санчо...“

Хари Кејн

Легендите на Манчестер Јунајтед постојано кажуваат што мислат дека треба да биде следниот чекор на екипата за да се врати на нивото од ерата на Сер Алекс Фергусон.

Последен кој зборуваше за трансфер политиката на „црвените ѓаволи“ е Пол Сколс. Според него, тимот не треба да инсистира на Џејдон Санчо, туку да тргне по Хари Кејн од Тотенхем.

„Прво сакам да кажам дека Санчо е одличен играч. Мислам дека секоја екипа треба да го сака во своите редови.

Но, Манчестер Јунајтед не треба да инсистира на неговото доаѓање. Мислам дека на екипата ѝ треба голгетер од светска класа, а тоа е Хари Кејн. Тој би бил идеален за иднината на клубот“, вели поранешниот фудбалер на Јунајтед.

Се шпекулира дека Санчо е блиску до преселба на „Олд Трафорд“. Останува само Борусија Дортмунд да ја прафати понудата на Јунајтед трансферот да биде исплатен на неколку рати.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.