ВИДЕО: Јунајтед се разигра во вториот дел и со пресврт ја освои „Вила Парк“

Гринвуд

Манчестер Јунајтед со пресврт стигна до три бода кај Астон Вила (2-1) и не дозволи Манчестер Сити математички да ја осигура титулата во Премиер лигата.

  • Извештај од натпреварот:

Прекрасниот погодок на Траоре го изненади фаворитот уште во 24. минута од мечот. Гостите имаа повеќе од играта, но за да го крунисаат тоа чекаа до вториот дел.

Многу брзо Бруно Фернандеш израмни од пенал, а потоа Ван-Бисака центрираше до Гринвуд, кој ја донесе првата предноста за фудбалерите на Солскјер. Домаќинот се обидуваше на сите начини да се врати во игра и да избегне пораз на „Вила Парк“.

Младиот Дин Хендерсон имаше одговор на сите обиди кон неговиот гол. Резултатот доживеа уште една промена, кога Кавани ја потврди голгетерската форма и со глава стави точка на натпреварот.

Премиерлигашката сезона полека се ближи кон својот крај. Останува да се потврди новиот шампион, а голема борба ќе се води за првите четири места на табелата.